Почна вакцинацијата во Србија – првата вакцина ја прими премиерката Брнабиќ (видео)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Србија денеска почна вакцинацијата против коронавирусот, а првата вакцина ја прими премиерката Ана Брнабиќ.

Таа јавно ја прими вакцината  на „Фајзер“ во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак.

Вакцините ќе бидат доставени во „Торлак“ од министерот за труд и член на кризниот штаб, епидемиологот д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и членот на кризниот штаб, епидемиологот д-р Предраг Кон.

Првите количини на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Србија е прва земја во регионот што ја доби вакцината од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“.