Почнаа искази на сведоците за случајот „Пулс“: Родителите на загинатите бараат независно вештачење поради наоди на цијанидни гасови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред судницата роднините на загинатите изјавија дека се сомневаат во начинот на кој целиот случај го водел Јавното обвинителство откако во јавноста се појавија информација дека причина за смртта не е само задушување со јаглерод моноксид. Тие прашуваат дали Јавното обвинителство ги истражило точните причини поради кои настапила смртта кај нивните деца по наодите од Институтот за хемија за постоење на цијанидни гасови.

-Фактот што државните институции потврдуваат можност во присуство на цијанидни гасови во просторот, но истовремено не постои јавен достапен доказ дека овие гасови биле анализирани во телата на жртвите претставува сериозен медицински и правен јаз. Ова значи дека обдукцискиот наод е нецелосен, постои основа за дополнително и независно вештачење, постои основа за правно оспорување на заклучокот оправдано и неопходно во интерес на вистината, вели Александар Наунов, родител на загинато дете.

Инаку, денешното судско рочиште се појави и првиот сведок, Дејан Николов, сопственик на автосервис којшто се наоѓал веднаш до дискотеката Пулс во Кочани. Тој одговарајќи на прашања на Јавното обвинителство, говореше за тоа како се реконструирал објектот на дискотеката. Рече дека неговиот сопственик, Дејан Јованов не му кажувал што всушност се гради, но тој потоа откако забележал дека се вградуваат шанкови утврдил дека се работи за угостителски објект. Сведокот рече и дека порано тој објект работел како конфекција, а бил и магацински простор за кожни производи. Пред да се почне со сведоците претходно завршија воведните зборови на одбраната со излагањето и на адвокатот но и на самиот Александар Нацев сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ кој рече дека за него има неосновани клевети и навреди.

-Дури и еден Џорџ Орвел би можел да позавиди на ваквата конструкција. Токму затоа во текот на ова судење ќе ги неутрализираме ваквите конструкции преку непобитни докази и околности кои јавно ќе укажат на отсуството на каква било вина, вели Александар Наунов, родител на загинато дете.

Судењето продолжува со искази на 35-те сведоци, а следното судско рочиште со други сведоци е закажано за во понеделник.