Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ќе инвестира 40 милиони евра за изградба на нов Универзитетски кампус на Универзитет „Мајка Тереза“.
Според него, станува збор за капитален проект во областа на високото образование, кој претходно, како што наведе, бил „мисловна именка“ за претходните власти.
„Оваа влада вложува 40 милиони евра за изградба на нов Универзитетски кампус на Универзитетот ‘Мајка Тереза’. Нешто што за владата во минатото претставуваше мисловна именка, а ние како влада ќе продолжиме да инвестираме во образованието“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Тој порача дека Владата ќе продолжи со инвестиции во образованието и подобрување на условите за студентите и академскиот кадар.
