Почнува третото издание на Al Jazeera Balkans фестивалот: Бесплатно емитување на врвни документарни филмови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овогодинешното издание на Фестивалот на документарните филмови Al Jazeera Balkans (AJB DOC) ќе се одржи од 11 до 15 септември. Одбрана селекција на најдобрите светски и регионални документарни филмови, ќе биде достапна на дигитална платформа на официјалната интернет страница ajbdoc.ba.

Ортганизаторите соопштија дека сите документарни филмови ќе може да се гледаат без регистрација и бесплатно.

Согласно мерките и препораките за заштите од коронавирусот, донесена е одлука целиот фестивал да биде одржан виртуелно.

Темата е „Патување“, претставена визуелно, во стварноста во која сме, оневозможени физички да патуваме и ограничени со граници, а истовремено внесени во свое лично патување во потрага за смисла и сила.

Ова тема непосредно содејство со искуствата на патувања во доба на контрола и правила кои не вредат подеднакво за сите. Некогаш избришаните граници повторно се присутни и засилени, претставуваат сигурност и заштита, но нивната безмисленост во доба на пандемија никогаш не била очигледна, затоа што за вирусот границите не вредат. Вистинскиот мотив за границите се кријат во стравот од непознатото на оние кои ги поставуваат.