Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во 11:41 часот на 36 километри северозападно од Скопје.
Епицентарот на земјотресот е на територијата на Косово.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван од населението во Скопје и околината.