Поддржан предлогот на Бајден за нов амбасадор во ОН

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одборот за надворешни односи на американскиот Сенат денеска го поддржа предлогот на американскиот претседател Џо Бајден дипломатката од кариера, Линда Томас-Гринфилд, да биде новиот амбасадор на САД во Обединетите нации.

Одборот гласаше со 18 „за“ наспроти четири „против“  во корист на номинираната дипломатка, јавија британските медиуми.

Засега не е познато кога потврдата за нејзиното назначување ќе биде изнесена пред целиот состав на Сенат, каде во моментов се расправа за Законот за олеснувањата поради Ковид-19, а следната недела треба да се спроведе и постапката за импичмент против поранешниот американски претседател Доналд Трамп.