Поделби во опозициските партии – Гаши: Во позадина стои ДУИ, има инфилтрирано свои луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веднаш по формирањето на опозицискиот фронт Алтернатива-БЕСА-Демократско Движење, почнаа поделбите во опозицијата, кога Арјанит Хоџа се огради од Беса, додека во Тетово се појави незадоволство во огранокот на Алтернатива. Во позадина на ова, претседателот на Алтернатива вели дека е токму ДУИ, а според него, има луѓе кои се инфилтрирани во опозициските партии.

-Кој стои зад ова?
-Нашите противници.
-Преку кого?
-Преку луѓе кои се инфилтрирани во партијата, преку луѓе кои имаат одредени интереси преку луѓе кои се уценувани?
-Велите дека ДУИ има луѓе внатре во Беса, внатре во ААА?
-Реков, има многу причини, една од нив е таа. Но, повеќе се луѓе кои се алчни, се продаваат, уценуваат, влегле во коруптивни процеси и ДУИ преку судските и обвинителските органи ги држи суспендирани, им се заканува и уценува, а повеќето од нив, не сакам да генерализирам, имаат должност да ја работат таа работа, тие имаат наредба и тој редослед го одредува ДУИ, кога правиме нешто велат сега треба ти да излезеш, сега ти, значи се е оркестрирано.

Гаши ја коментираше и изјавата на Арбен Таравари, кој рече дека опозицискиот блок е дериват на ДУИ. Гаши негираше дека Таравари во оваа изјава ја вклучил и Алтернатива.

-Нема врска, на Арбен понекогаш му се извлекува по некој збор од уста, но знам дека барем Алтернатива и јас лично не бевме во ниту една политичка партија пред основањето на Движењето Беса, јас бев еден од основачите на таа партија, се случи тоа што се случи со поделбата и од 2019 година го имаме нашиот субјект Алтернатива и нашиот субјект не е дериват на ДУИ-рече Гаши.

Гаши во „SummerClick“ не остави без да ги спомене и СДСМ и незадоволството од лидерот на оваа партија Димитар Ковачевски. Тој рече дека нема доверба во СДСМ, бидејќи според него, оваа партија го прекршила договорот што го имаа за владеење.