Иако не е во негова сопственост, ова е автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби, кој денеска наутро беше запален.
Не е целото изгорен, туку само предниот и долниот дел од автомобилот, кој бил паркиран на улицата каде што живее вицепремиерот.
Според МВР, автомобилот е во сопственост на лицето со иницијали Б.Л.
„Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
ТВ21 дозна дека автомобилот Ауди А6, долго време Груби го користел како приватно возило.
А тоа може да се види и од објавата на првиот вицепремиер во Фејсбук, каде им се извини на пријателите.
„Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија“, посочи Артан Груби.
Според анкетниот лист доставен во Антикорупциската комисија, Груби изјавил дека поседува само еден автомобил Citroen Xsara, во вредност од 1000 евра.
Од политички аспект, овој подметнат пожар се случува во огнено време за скопските интегративци, поточно Чаир.
Груби во објавата зборува и за кукавичкиот и подмолен акт.
„Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните“, додаде Груби.
Како што извести весникот Коха, две маскирани лица со автомобил „пикап“ фрлиле бензин врз автомобилот и потоа го запалиле.
