„Погледнете низ прозорецот“: Повик на пилотот до патниците води до сцена што ќе ја паметат цел живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пилотот ги поканил патниците да „погледнат низ прозорецот“ и тие биле сведоци на историскиот момент.

По повеќе од 50 години, човештвото повторно се упатува кон Месечината. Мисијата „Артемис II“ претставува прво патување со екипаж до Земјиниот сателит од 1972 година. Ракетата е лансирана од Кејп Канаверал, Флорида, отворајќи ново поглавје во истражувањето на вселената.

Вниманието на јавноста особено го привлече видеото од лансирањето, кое е снимено на прилично необична локација, во патнички авион. Патник го забележал моментот низ прозорецот на авионот на „Делта Ерлајнс“ кога ракетата висока речиси 100 метри се вивнала во небото. Видеото, објавено на TikTok, го прикажува светлечкиот млаз од моторот и долгата линија на пареа што ракетата ја остава зад себе додека достигнува огромни брзини. Токму поради единствената перспектива, видеото брзо стана вирално, пренесува Nova.rs.

@katiemccuistion Artemis II #Delta #astronauts #moon #artemisII @dinkasink ♬ Outro – M83

Од висината на авионот, јасно можеше да се види и закривената траекторија на ракетата. Таквото движење не е случајно, бидејќи вселенските летала го користат за поефикасно забрзување и користење помалку гориво со помош на Земјината гравитација.

Соборување на рекордот за растојание од Земјата

Астронаутите на Артемис II: Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Јенсен поставија нов рекорд во истражувањето на вселената. Иако екипажот не слета на површината на Месечината, мисијата е сè уште од огромно значење.

За време на летот, астронаутите достигнаа рекордно растојание од Земјата, повеќе од 406.000 километри, станувајќи најдалечното растојание што луѓето го поминале од нашата планета.

Мисијата Артемис II претставува клучен чекор кон идните слетувања на Месечината и долгорочните планови што вклучуваат човечки мисии на Марс.