Погреб наместо венчавка: 24-годишна медицинска сестра загина во експлозијата во Бејрут

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сахар Фарес, 24 годишна медицинска сестра, стана симбол на катастрофата која се случи во Бејрут.

Сахар била со пожарникарите кои загинаа во експлозијата која се случи во вторникот, а нејзиниот вереник и семејство вчера и приредија „свадба“ која никогаш нема да ја има.

Сè беше подготвено точно како што се треба за либанска свадба, но за жал, овој пат невестата беше во сандак.

Музичарите во церемонијална златна облека свиреле додека пожарникарите го носеле белиот сандак кон мртовечницата, а членовите на нејзиното семејство фрлаа ливчиња од рози и ориз.

Нејзиниот вереник Гилберт Караана го носеле на рамена додека плачејќи се поздравувал со својата сакана.

„Се што сакаше ќе биде испочитувано, само тебе те нема во бела венчаница. Ми го скрши срцето љубов моја. Животот нема никаков вкус откако те нема“, напишал Караан на социјалните мрежи пред церемонијата.

Сарах му се јавила на својот вереник во вторникот за да му го покаже големиот пожар кој избил на пристаништето. Со оглед на тоа дека во тој момент никому не му била потребна медицинска помош, таа седела во пожарникарското возило следејќи ги колегите кои се бореле со пожарот.

Кога пожарот се зголемил, таа излегла од камионот со цел да му покаже на вереникот што се случува. Таа рекла дека се слушаат чудни звукови кои никогаш порано не ги слушнала. Вереникот ја замолил да се тргна на страна, што и сторила, но прекасно. Последно што Голберт видео биле нејзините чевли додека барала засолнување. После тоа веднаш следувала експлозијата, пишува NY Times.

Тага поради трагичната судбина на младата Сахар на социјалните мрежи ја изразиле луѓе од цел свет, нарекувајќи ја либанска невеста.