Погребални песни пред Влада – рокерите и раперите бараат свирки во ноќните клубови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со погребални песни рокери, рапери, ди-џеји и други музичари побараа од Владата да им овозможи да настапуваат во ноќните клубови, кафулиња и другите угостителски објекти.

Со две минути молк и одадоа почит на музиката…

Поради пандемијата веќе 15 месеци над 1500 музичари немаат настапи. Еден од нив е музичарот Џон Илија Апелгрин.Тој вели дека е на работ на егзистенција.

„Нека пробаат господата позади мене 15 месеци да живеат без плата…Уааааа. Баш уа. Уа затоа што ова што го прават буквално ја погребуваат македонската музика и ова има последици кои ќе бидат многу подалекосежни“, истакна Џон Илија Апелгрин

„Тука сме да побараме итно да ни се дозволи да настапуваме. Доста нас не правите лепрозни. Едноставно немате ниту право, ниту докази да правите такво нешто. Доста не правите малоумни“, вели музичар.

Музичарите најавија дека ќе продолжат да протестираат ако надлежните не ги исполнат нивните барања.

Според последните измени, односно ублажувања на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид 19, дозволено е да се организираат свадби со музика со ограничен број на гости, но и настани на отворено. Од Министерството за здравство соопштија дека сите мерки донесени претходно, а кои се однесуваат на затворени простории, остануваат на сила.