Погребан папата Франциск – претседатели, премиери, кралски семејства, илјадници верници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аргентинскиот папа почина во понеделникот, во 88 година од животот, по мозочен удар. Неговата смрт го означи почетокот на внимателно планираниот период на транзиција за Римокатоличката црква со 1,4 милијарди членови, обележан со древни ритуали, раскош и тага.

Повеќе од 200.000 луѓе присуствуваат на церемонијата на плоштад пред базиликата Свети Петар. Над  50 шефови на држави, меѓу кои и  Трамп, Макрон со сопругите ,  10 тина  владејачки монарси. Присутни беа  и челници од Италија, , Германија, Велика Британија, Украина, Бразил, институциите на ЕУ и родната земја на папата Франциско – Аргентина, меѓу нив беше и претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Во изминатите денови над  250.000 луѓе поминаа покрај неговото тело, кое беше изложено во отворен ковчег пред олтарот на базиликата Свети Петар од 16 век. Неговиот ковчег денес беше изнесен низ главната врата за погребната миса на отворено.

Многуте странски функционери беа  сместени од едната страна, наспроти стотиците кардинали со црвени капи на другата страна.По погребната миса, Скромниот дрвен  ковчег на папата Франциск беше однесен во базиликата базиликата „Света Марија Голема“,каде беше  погребан,  според неговите желби.

Италија организираше една од најголемите безбедносни операции уште од погребот на Јован Павле Втори.

Воздушниот простор над Рим беше  затворен, а ангажирани беа и  дополнителни безбедносни сили, вклучувајќи противвоздушни ракети и патролни чамци.

По погребот на папата  Франциско , вниманието сега  ќе се насочи на изборот на неговиот наследник.Тајните конклави за избор на нов папа веројатно нема да почнат пред 6 мај, а би можеле да бидат одложени неколку дена, давајќи им време на кардиналите да одржат состаноци, меѓусебни проценки и на состојбата на Црквата, која се соочува со финансиски проблеми и идеолошки поделби.