„Моите информации велат дека не се само овие три земји, туку и други земји има во Европската Унија – членки кои подеднакво исто се на стојалиште како и овие три земји, само со оглед на тоа дека овие три беа највокални, односно најгласни во презентирање“, истакна Едмонд Адеми.
Смета дека ставот на овие три земји, околу погрешната интерпретација на историјата, испраќа порака дека интерпретациите околу историјата треба да ги оставиме на историчарите, а политиката да се занимава со интерпретации на сегашноста и да ја проектира иднината.
Вечерва во „Клик Плус“ на тема „Во кој правец треба да продолжат евроинтеграциите?“ дебатираат Едмонд Адеми и екс амбасадор на Македонија во САД и екс вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски.
