Министерството за обрана покренало постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за Петар Богојески поради ксенофобични објави на социјалната мрежа Фејсбук.
Од таму, по новинарско прашање од ТВ21 велат дека е покрената постапка врз основа на Законот за административни службеници, Кодексот за административни службеници и Етичкиот кодекс на вработените во МО и Армијата.
„Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, велат од министерството за ТВ21.
