„Пола земи – пола остави“ – Оскар не добивме, но пораката на Атиџе го обиколи Светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Бекирлија, село оставено на забот на времето и со просечни услови за живот преку 11.000 километри на црвен тепих во Лос Анџелес. Вака на кратко, може да се опише патешествието на главниот лик од „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Беше рамо до рамо со ѕвездите од Холивуд, нејзината порака „половина земи, половина остави“ го обиколи светот, но тоа што и донесе слава не го заборави ниту во тие моменти. Зачекори по црвениот тепих во креација инспирирана токму од пчелите.

Добро вечер, како сте?
Муратова: -Многу добра и многу сум возбудена.
Овој филм е многу успешен како се чувствувате?
Муратова: Многу добро и се надевам дека ќе добиеме оскар.

Иако номиниран во две категории, македонскиот документарен филм „Медена земја“ и Хатиџе Муратова не успеаа да земат „Оскар“. Пред церемонијата од црвениот тепих, зборуваа за АП.

-Да, постои јавно прикажување на церемонијата на доделување на наградите во Македонија и луѓето се среќни затоа што ова е веројатно најголемото достигнување во македонската кинематографија до сега.-рече Љубомир Стефанов, режисер.

-Нема човек што не го гледа ова и го правија како еден македонски вид на Оскар (церемонија) за да го гледаат тоа заедно-изјави Тамара Котевска.

На тој македонски вид на Оскари беше и екипата на ТВ21, организирано од Младинскиот културен центар. Настап имаше групата Фолтин кои ја изработија музиката за филмот „Медена земја“, а веднаш потоа до раните утрински часови на голем видео бин се следеше церемонијата.

Неколку часа по церемонијата се огласија и од тимот на филмот.

-И покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката.-соопѓштија од тимот на Медена земја.

За докуменарен филм наградата годинава му припадна на „Американска фабрика“ на режисерите Стивен Богнар и Џулија Рајхарт, кој воедно е прв филм на продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама.

„Медена земја“ се впиша во фимската историја како прв документарец од Македонија кој бил номиниран во две категории. Ова е наше трето остварување номинирано за „Оскар“. Први беа „Дае“ на Столе Попов и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.