Во пораките за честитање на Новата Година што доаѓа, државниот врв и партиските лидери акцентот го ставија на енергетската криза и потребата граѓаните да бидат обединети и солидарни за надминување на кризата предизвикана од пандемијата. Го спомнаа и членството на земјава во ЕУ што останува стратешка цел и за 2022. Претседателот на Собранието, Талат Џафери посака Северна Македонија да остане дом за младите и земја со европски стандард и вредности.
„Не можам да знам што не чека во новата година, но можам да потврдам едно нешто а тоа е дека сите заедно, независно од разликите, ако сме обединети околу тоа што несомнено не’ обединува а тоа е РСМ да биде дом на нашата младина. Земја со европски стандард и вредности“, порача Талат Џафери.
Премиерот во заминување во честитка порача новата 2022 година да биде ново поглавје.
„Јас верувам дека лидерството треба да произлегува од довербата, а не од силата. Непоколебливо сум уверен и во тоа дека, заедно со Вас, и јас сум припадник на една генерација којашто не е само дел од историјата, туку дека сме автори на некои од нашите најважни историски страници од македонската сегашност и македонската иднина“, вели Зоран Заев.
А, неговиот наследник во СДСМ, но и на премиерската позиција, Димитар Ковачевски порача дека 2022 ќе биде година на нови предизвици со корона вирусот и енергетската криза.
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека годината што следи ќе биде година на промен и.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во својата честитка зборуваше за почетокот на преговорите со ЕУ.
„Годината пред нас ќе работиме да ги почнеме преговорите за членство во Е У, ставање камен темелник на коридорот 8, енергетска и економска стабилизација, продолжување на гасификацијата и крај на пандемијата. Им посакувам на сите граѓани каде и да се, во земјава, регионот или дијаспората, среќна Нова Година со најискрени желби“, посочи Али Ахмети.
И лидерот на АА, Зијадин Села во својата честитка, годината што измина ја окарактеризира како тажна година, со големи трагедии, многу болка на колективно ниво и последователни потфрлања на политичко ниво.
„На политичко ниво, посакуваме деблокада на европската перспектива во текот на следната година, надевајќи се дека надворешниот притисок во в рска со членството во Е У позитивно ќе влијае за воспоставување клима која ќе ја зајакне нашата држава и правото, борбата против корупцијата и човековите слободи“, посочи Зијадин Села.
Честитки за побериќетна и поуспешна година упатија и лидерите на другите партии, министри, градоначалници и институции.
