Полицаец му удрил шлаканица на возач: Бугарскиот министер нареди целосен увид во активностите на безбедносната полиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Целосен увид во активностите на безбедносната полиција при Регионалната управа на МВР во Софиско, нареди министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, јавува БТВ.

Причината е видеото на кое се гледа како полицаец му удира шамар на турски возач.

МВР соопшти дека за случајот е спроведена дисциплинска истрага и дека се идентификувани двајцата полицајци кои го запреле турскиот возач.

Униформираниот полицаец што му удира шамар на возачот има 18 години стаж во системот на МВР.

Внатрешната истрага покажа дека на 4 април, кога се случила несреќата, патролата не пријавила задолжително стопирање на камионот.

Случајот го истражува и софиското окружно обвинителство.