Полицијата во БИХ на готовс: Воен злосторсник се заканувал со бомба во полициска станица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маж од Зеница е уапсен откако утринава се заканувал со експлозивна направа во просториите на Полициската станица Центар. Како што изјави за „Кликс“, Самир Валентиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, маж со иницијали Д.Х., рано утринава влегол во Полициската станица Центар и се заканил со бомба, по што го напуштил просторот.

„Веднаш потоа беа активирани сите полициски сили, вклучително и специјалната единица“, изјави Валентиќ.

По неполн час, мажот бил лоциран на улицата ЗАВНОБИХ и бил приведен и спроведен во Полициска станица Центар за кривична постапка.

По него е распишана потерница од Општинскиот суд во Зеница за сторено кривично дело воено злосторство“, изјави Валентиќ.

По кривичната постапка, Д.Х., во придружба на судската полиција ќе биде пренесен на издржување на казната во КПУ Зеница.