Полицијата во Париз со водени топови ги растури пропалестинските демонстрации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Акцијата за поддршка на палестинскиот народ собра неколку десетици демонстранти во 18-от арондисман во Париз. Многу од демонстрантите носеа палестински знамиња и плакати со пароли на солидарност со палестинскиот народ.

Уште пред почетокот на демонстрациите, полицијата пристигна на местото на собирање демонстранти. Вкупно, според префектурата Париз, околу 4.200 полицајци и жандармерија го одржуваат редот во главниот град на Франција.

Во четвртокот, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен донесе забрана за демонстрации поради растечките тензии на Блискиот исток. Дарманен потсети дека ваквите активности предизвикаа немири во 2014 година и ги повика регионалните префекти да бидат будни и внимателни.

Претходно, Француско-палестинската асоцијација за солидарност повика на демонстрации во Париз на 15 мај за поддршка на Палестинците. И покрај официјалната забрана од властите, организаторите не го откажаа маршот.