Полициска акција за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва се спроведува полициска акција поврзана со истрага за нелегални медицински третмани и употреба на нерегистрирани препарати.

Според информациите, акцијата опфаќа лекари и лица од повеќе здравствени установи, меѓу кои дерматолози од ГОБ „8 Септември“, од Клиниката за дерматологија, како и од приватен естетски центар.

Во тек се претреси на повеќе локации, вклучително и во домови на лица опфатени со истрагата.

По завршување на дејствијата, надлежен јавен обвинител ќе одлучи дали ќе бидат побарани мерки од судот. Засега нема официјална потврда од институциите, ниту детали за можните кривични дела.