Полициски час во Париз: 100.000 полицајци на улиците на главниот град на Франција за Нова година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Франција ќе мобилизира 100.000 полицајци и жандермерија за да ги растераат забавите за време на новогодишната ноќ и да спроведе полициски час воведен во борбата против вирусот корона.

Планот е да се спречат немирите за време на кои беа запалени бројни автомобили претходните години.

Министерот за внатрешни работи Дарманин нареди видливо присуство на полицијата во центарот и предградијата од 20 часот кога започнува полицискиот час.

Во текот на вечерта, половина од линиите на метрото ќе бидат затворени. Дарманин исто така побара разгледување на прекинот на јавниот превоз низ целата земја.

Во Франција, вирусот корона досега е потврден кај 2,6 милиони луѓе, што го прави петти во светот, а повеќе од 64 000 луѓе починаа.