Полицискиот час ќе трае две недели, Филипче: Сакаме да го ублажиме притисокот кон болниците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, пред медиумите објасни зошто Комисијата за заразни болести достави предлот за воведување на полициски час.

„Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени“, рече Филипче и додаде:

„Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка.“, рече Филипче кој додаде дека оваа мерка ќе трае две недели, вклучувајќи ги и викендите.

Тој додаде дека освен ова, засега ништо друго нема да биде препорачано. Филипче истакна дека спроведувањето на пописот не е доведен во прашање засега.

„Сакаме да го ублажиме притисокот кон болниците во моментов, и затоа се овие мерки“, рече Филипче.