Ова се новите униформи кои ги доби единицата за специјални полициски операции. Во нив има цел комплет, односно се што е потребно за еден професионален полицаец. На прашањето дали на амблемот на новите униформи пишува Северна Македонија и дали се двојазични од МВР ни одговорија:
„Се работи на имплементирање на овие законските одредби, како ќе има можност да се спроведе така и ќе се имплементира соодветно на униформите“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Иако специјалните полициски единици добија се што им е потребно, сепак нови униформи не добија припадниците на гранична полиција, полицијајците од општа надлежност, полициските службеници за дресура на кучиња, кои се околу 5000 на број. Повеќе од пет години немаат добиено нови униформи -вели Претседателот на Независниот синдикат на полицајци Гоце Делчев.
„Последните приправници кои завршуваат во Центарот за обука наназад 5 генерации по 400-500 полицајци тоа е бројка од околу 2000 полицајци немаат задолжено униформа.Имаат делови дали пантолони, дали кошули, но немаат задолжено комплет униформа како униформа“, рече Гоце Делчев Тодевски, претседател на НСП.
„Оваа година имаме извоено половина милијарда денари во буџетот за набавка на униформи и опрема. Што е највисока сума во историјата за оваа намена“, додаде Ангеловски.
Од Независниот синдикат на протестот изминатиов викенд најавија дека ако не се исполни едно од нивните барања, да добијат нови униформи, на следниот проетст ке дојдат со бермуди. Додека од МВР ветуваат дека продолжуваат со осовременување, модернизирање и редовна набавка на униформи и опрема за полициските единици.
