Полска подигна превентивни авиони поради рускиот напад врз Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полската армија подигна борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради рускиот масовен напад врз Украина, објавија денес полските власти.

Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, јавува полската ТВН24.

Поради воената операција, аеродромите во Жешов и Лублин беа привремено затворени, објави денес Полската агенција за воздушен транспорт (ПАНСА).