Радиостаница во Полска предизвика контроверзи по што ги отпушти сите свои новинари и започна со програма во која водителите се виртуелни ликови создадени со вештачка интелигенција (ВИ).
Неколку недели по отпуштањата, радиото „ОФФ“ од Краков повторно започна со работа оваа недела, истакнувајќи се како „првиот експеримент во Полска“ со заменети новинари.
„Нашите три аватари се создадени да допрат до помладите слушатели, обраќајќи се на културни, уметнички и социјални теми. Ќе истражуваме дали вештачката интелигенција е повеќе можност или закана за медиумите“, изјави директорот на радиото“, Марцин Пулит.
Промената привлече внимание откако новинарот Матеуш Демски изрази протест против замената на луѓето со ВИ. Тој нагласи дека тоа е опасен преседан, кој може да доведе до заменување на искусни медиумски професионалци со машини. Неговиот протест досега собра повеќе од 15.000 потписи.
Демски работеше во „ОФФ“ од февруари 2022 до август годинава, кога беше еден од многуте новинари кои добија отказ. Пулит тврди дека отпуштањата не се поврзани со ВИ, туку со слабиот аудиториум.
