Поминаа 5 месеци, семафорот во Чаир го нема – Шилегов и МВР си ја префрлаат топката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот човек на Скопје, Петре Шилегов вети дека ќе влијае и во МВР за поскоро поставување семафор на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Чаир. Поминаа 5 месеци откако на пешачкиот премин кај овој семафор беа прегазени деца, потоа имаше протести, се одржаа и средби, но семафор нема никаде.

„На крајот од декември на овој булевар беа прегазени три деца кои поминувале на пешачки премин. Беше ветено дека ќе се постават вибрирачки ленти и семафор. Лентите се поставени, но неколку од нив се оштетени, а семафор се уште нема.“, јавува репортерот на ТВ21.

Шилегов вели дека постапката заглавила во МВР.

Од МВР за ТВ21 велат дека до 12 мај во СВР Скопје не е доставено барање за поставување семафор на тој дел.

„До 12 мај 2020 во СВР Скопје не е доставено барање за одобрување за поставување светлосна сигнализација на бул. “Христијан Тодоровски Карпош“, во близина на админитративниот објект на општина Чаир.“, велат од МВР.

Освен немањето семафор, сообраќајот од оваа страна го загрозуваат и невнимателните граѓани, а сообраќајните незгоди продолжуваат и по овој случај.