Помпео: Има многу докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, изјави дека постојат многу докази дека коронавирусот има потекло од лабораторија во кинескиот град Вухан.

„Постојат многу докази дека се почнало од таму. Од почетокот зборувавме дека вирусот е од Вухан“, рече Помпео за „Еј-Би-Си“.

Меѓутоа тој смета дека вирусот е намерно пуштен. Додаде дека нема да се сомнева на известувачките служби на САД, кои известија дека можеби коронавирусот е создаден од човек. Помпео рече дека Кина не дозволува пристап до информации поврзани со вирусот.