Вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 193.370 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
