Куќата е одалечена околу 20 метри од реката.
До 4 наутро ја отстранувале водата од дворот, а поплавена беше и бањата.

„Се наоѓаме тука во Батнице кај четиричленото семејство. Како што можете да се забележи се гледа дека дворот е преполн со кал. Велат дека соседите им помогнале со пумпа поради вчерашните поплави. До каде беше водата може да се гледа кај ѕидот, а во другата страна се гледа и кал, при што собрале вреќи за да ги исчистат“, вели репортерката на ТВ21.

Една жителка вели дека нивната куќа нема многу штети, а кај помошните простории каде што синот ги држел алатките за работа, сите му се расипани.
„Тоа се алатки кои ги користи за работење. Колку тоа чини не знам, но скапи алатки беа, но сега се мора да фрлиме“.
Какви материјали имавте?

„Детето работеше со регипс, куќи градеше…“
А сега?
„Сега мора се да се купи, тоа мора да се фрла“.

„Дојдовме во една куќа тука во Батинци. 10 члено семејство се жали дека поради вчерашните поплави, како што велат, пола од дворот се срушил и паднал долу“, вели репортерката на ТВ21.
Домаќинката на оваа куќаа, Наташа Мустафовска, за ТВ21 вели дека просторот кој се срушил бил кујна, а сега немаат ниту услови за живеење бидејќи водоводните цевки пукнале додека електричниот шпорет паднал долу.

Инаку, обилните врнежи предизвикаа излевање на коритото на Маркова река, при што се поплавија многу подруми. Ситуацијата денеска е помирна, реката се врати во коритот, а патиштата се проодни.
На терен денеска беа екипи на Дирекцијата за заштита и спасување кои интервенираа со пумпи за отстранување на водата.
Од Хидрометеоролошкиот завод предупредуваат дека водостојот во реките во земјава е зголемен и врнежите ќе продолжат во текот на целата недела.
