Поплавите во Тексас однесоа многу жртви, се трага по 20 девојчиња кои биле на летен камп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 24 лица загинаа во ненадејни поплави во централен Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава.

Поплавите придонесоа за брзо сголемување на реката Гвадалупе. Покрај 24 загинати, за исчезнати се водат 20 девојчиња кои биле во летен камп во близина на реката. Вицегувернерот на Тексас, Ден Патрик рече дека во тек е потрага по нив.

Според Патрик, нивото на реката Гвадалупе во текот на изминатата ноќ се искачило за осум метри за само 45 минути. Информираше дека меѓу загинатите се и возрасни и деца. Некои од телата биле пронајдени во автомобили.

Се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека е ужасно запрепастен од повредите.

„Ужасно е поради поплавите. Шокантно е“, рече Трамп.

Во акцијата за спасување учествуваат 500 спасувачи и 14 хеликоптери, а учествуваат и Националната гарда на Тексас и крајбрежната стража на САД.