Поповска: Грција и Бугарија успеаа да обезбедат документи каде ние сме грешеле, и тие ни се како камења на нозете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Лилјана Поповска оцени дека Грција и Бугарија низ годините успеале да обезбедат меѓународни документи и договори кои, според неа, денес претставуваат сериозен товар за Македонија во процесот на евроинтеграција.

Поповска истакна дека македонската страна во минатото правела политички и дипломатски грешки, кои подоцна биле искористени од соседните држави.

„Грција и Бугарија успеаја да обезбедат документи каде што ние сме грешеле, и тие денес ни се како камења на нозете“, рече Поповска.

Таа посочи дека секој потпишан документ или договор подоцна станува основа за нови барања и притисоци кон државата, особено во контекст на преговорите со Европската Унија.

Според Поповска, Македонија мора многу повнимателно да пристапува кон меѓународните договори и националните прашања, бидејќи последиците од политичките одлуки се чувствуваат со децении.

Во своето гостување, таа нагласи дека државата треба да изгради поцврста стратегија во односите со соседите и во процесот на евроинтеграција, со цел да се избегнат нови отстапки што би можеле дополнително да ја ослабнат македонската позиција.