Поради недостиг од кадар, работат во 2 смени – промовирани реновираните простории на радиологија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Арбен Таравари и директорката на Универзитетскиот институт за Радиологија, Соња Николова ги промовираа реновираните простории на Радиологија која е дел од Клиниката за хирургија. Таравари истакна дека до Нова година ќе има и други инвестиции во болницата.

„Станува збор за инвестиција од околу 6 милиони денари, овој центар сега доби достоинствен лик и верувам дека во следниов период на Клиничкиот центар ќе имаме вакви инвестиции кои ќе ги промовираме до Нова година, но и во другите болници“, вели Арбен Таравари.

Идејата за реновирање на просториите на Радиологија, директорката Николова вели дека е за доброто на пациентите и здравствените работници со цел да се подобри услугата и условите бидејќи дежураат по 18 или 24 часа. Таа истакна дека имаат недостиг од кадар.

Николова не кажа точно колку е времето на чекање резултати сега, но рече дека времето е преполовено од претходно и дека се грижат пациентите да не добиваат погрешни резултати,  туку квалитетни.