Поради невреме повеќе од 7.400 жители останаа без електрична енергија во Љубљана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Словенија денес беше погодена од силна бура проследена со обилни дождови и налети на ветер до 80 километри на час, поради што повеќе од 7.400 потрошувачи во областа Љубљана останаа без електрична енергија, јавува РТВ Словенија.

Поради невремето, 2.049 потрошувачи во областа Трбовеље и 212 потрошувачи во Нови Место останаа без електрична енергија, соопшти Електро Љубљана.

Електро Цеље соопшти дека прекин на струја имало и во месноста Требње и Жалец.