Поради обилни врнежи од снег, на Стража забрана за тешки товарни возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обилните врнежи од снег, попладнево го затворија превојот „Стража“ за тешките товарни возила, соопштија од АМСМ.

„На патниот правец Гостивар – планински премин Стаража – Кичево и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.“, велат од АМСМ.

Исто така АМСМ воведе забрана за тешки товарни возила и на правецот Маврово – Дебар.