Се одложи рочиштето ТНТ во Кривичниот суд поради самоизолација на една од обвинетите во случајот.
Судијата Огнен Ставрев го одложи денешното рочиште за „ТНТ“ поради отсуство на една од обвинетите.
Следното рочиште е закажано за 19.03.2020 година во 10 часот.
Во предметот „ТНТ”, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Спроед обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.
