Поради силните пожари кои денеска се проширија во регионот на Анталија, Република Турција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи утрешната официјална посета на Анкара, на која беше предвидено да се остварат средби со повеќе високи претставници на Република Турција, меѓу кои со својот хомолог, Мевлут Чавушоглу.
Министерството за надворешни работи со жалост ја следи ситуацијата со пожарите на територијата на пријателска Турција, со поддршка за тековната масовна противпожарна акција, што поскоро да успее да ја стави под контрола состојбата.
