Арбен Зибери, поранешниот пратеник од Демократската унија за интеграција, одлучи да премине кај Демократско движење на Изет Меџити, која е дел од коалицијата ВЛЕН.
Зибери се памети како еден од најактивните пратеници во Собранието на Македонија, но и успешен професионалец во медицината. Во минатото беше директор на Центарот за јавно здравје.
