Португалија го превзема претседавањето со Советот на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Португалија од денеска го превзема шестомечното претседавање со Советот со ЕУ со мотото „Чесни, зелени и дигитално опоравување“.

Климатската и дигитална транзиција и засилување на стратешката автономија на ЕУ се приоритети кои Лисабон ги зацрта во својата агенда, со напомена да доаѓа време за реализација на сите „револуционарни одлуки“ донесени во текот на германското претседавање.

Португалија по четврти пат ќе се најде на оваа функција, втор пат во формација т.н. „петседателско трио“ кои ја сочинуваат уште и Германија како претходник, и Словенија како следбеник.

Во Лисабон нагласуваат дека следниот период ќе биде одбележано како почетокот на примена на пакет за опоравување на ЕУ после кризата со пандемијата на Ковид-19.