Португалија ќе депортира 18.000 странци кои без дозвола престојуваат во земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Привремената португалска влада планира да протера околу 18.000 странци кои живеат во земјата без дозвола, пишува АП.

Министерот за претседателство Антонио Леитао Амаро објави дека централно-десничарската влада ќе издаде приближно 18.000 известувања до луѓето што живеат нелегално во земјата да ја напуштат земјата. Тој додаде дека оваа недела 4.500 странци ќе бидат поканети доброволно да заминат во рок од 20 дена.

Португалија ќе одржи предвремени општи избори на 18 мај. Премиерот Луис Монтенегро распиша предвремени избори во март откако неговата малцинска влада, предводена од Социјалдемократската партија, го загуби гласањето за доверба во парламентот.

Монтенегро кој ја презеде власта за помалку од една година, беше критикуван за потенцијален конфликт на интереси поврзан со адвокатската канцеларија на неговото семејство.