Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден: Во сабота од 18:00 часот промени во сообраќајот и јавниот превоз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„По повод празникот „Воскресение Христово – Велигден“, утре, 11 април, Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за неколку улици во централното подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.

Од Министерство за внатрешни работи соопштуваат дека почнувајќи од 18:00 часот и до завршувањето на манифестациите, по потреба ќе се затвораат за сообраќај неколку главни улици во центарот на Скопје.

„Во центарот на градот Скопје по потреба за сообраќај ќе се затворат: булеварот „Партизански Одреди“ од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булеварот „ВМРО“. Булеварот „Свети Климент Охридски“ од крстосницата со булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“. Улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со улицата „9 Мај“ до кружниот тек со улицата „Свети Кирил и Методиј“ – велат од МВР.

Автобусите на јавниот превоз што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ по потреба ќе ја менуваат маршрутата: тие ќе се движат по булеварот „Илинден“ и преку улицата „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучат на булеварот „Партизански Одреди“, додека автобусите што поминуваат низ центарот ќе се движат по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и преку улицата „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучат на булеварот „Партизански Одреди“, а во спротивна насока ќе ги користат истите патишта. Покрај тоа, по потреба ќе се затвораат и други улици што гравитираат околу верските објекти. Инаку, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите издадени од полициските службеници.