Пошта ја одбра Халк Банка, надзорниот одбор и Владата треба да ја официјализираат одлуката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По прекинот на платниот промет со Еуростандард банката поради стечај, денеска Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ со кој претседаваше новиот директор Јани Макрадули ја прифати конечната понуда на Халк банка АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.

Рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем кој и досега беше во употреба.

Упрвниот одбор на Пошта по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу Пошта и Халк Банка АД Скопје.