Тетовци од денеска ќе плаќаат поскапи сметки за вода, канализација и отпад.
Мнозинството од советот на општина Тетово ја одобри оваа одлука, а образложија дека поскапувањето го прави Регулаторната комисија за енергетика.
-Ќе има поскапување за цените на водоснабдувањето, вака одлучи Регулаторната комисија-рече Дурмиши.
-Актуелното раководство на Општина Тетово во соработка со ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива гласаа за поскапување на собирањето отпад и водата за пиење. Тоа значи дека вашите сметки ќе поскапат додека услугата ќе биде иста како досега, градот е полн со ѓубре и рестрикции за вода за пиење. Ова раководство уште еднаш докажа дека не ја заслужува поддршката од граѓаните-изјави Лиридон Диша од ДУИ.
Наместо 16,08 денари за метар кубен вода, домаќинствата сега ќе плаќаат 21,5 денари за потрошената вода за пиење, со предлог на управниот одбор на РКЕ.
