Поскапуваат горивата за 2,5 и 3 денари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Еуросупер 95 поскапува за три, а дизелот и Eуросуперот 98 за 2,5 денари по литар. Вака одлучи регулаторната комисија за енергетика на денешната седница.

Со новата цена Еуросупер 95 ќе изнесува 57,5 денари по литар. Еуросупер 98 ќе се продава за 59,5 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 49,5 денари по литар.

Екстра лесното масло ќе се продава за 27,5 денари по литар, додека новата цена на мазутот е 23,427 денари по килограм.