После пет дена маж спасен од урнатините во Мјанмар, во потресот повеќе од 3145 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинескиот спасувачки тим извлече маж од урнатините од хотел во Мјанмар, каде минал повеќе од 120 часа.

Им требало три часа да направат дупка и да го извлечат 52-годишниот маж, кој бил без повреди и во добра физичка и психичка состојба.

Тој е деветиот преживеан кој го извлекол овој тим.

Во потресот досега загинаа повеќе од 3145 лица, и повеќе од 4600 се повредени.