После повеќе од девет месеци без смртни случаи – МЗ: Вирусот е далеку од победен, но ова влева надеж за ставање крај на агонијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

После повеќе од девет месеци, во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица од коронавирусот во земјава. Има нови 8 случаи.

Меѓутоа од министерството за здравство велат дека вирусот е далеку од победен, но дека ова влева надеж дека сме поблиску до ставање крај на агонијата.

„Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, велат од Министерството.