Индонезискиот остров Бали, популарна туристичка дестинација, е погоден од голем прекин на електричната енергија што предизвика застој низ целиот остров, само неколку дена откако масовниот прекин на електричната енергија ги погоди Шпанија и Португалија, јавуваат светските медиуми.
Островот остана без електрична енергија околу 16 часот по локално време денес, а причината, според државната енергетска компанија „Перусахан Листрик Негара“ (PLN), бил дефект на подморските кабли што го поврзуваат Бали со островот Јава. PLN во соопштението наведува дека проблемите со подморските кабли предизвикале прекини во работењето на локалните електрани.
„Моментално имаме прекин на електричната енергија и искрено се извинуваме за предизвиканите непријатности“, се вели во соопштението. „Дел од областа веќе доби електрична енергија, додека во други, реконструкцијата е сè уште во тек.“
Компанијата им се заблагодари на граѓаните за нивното трпение и додаде: „PLN моментално работи на решавање на прекинот. Првичните индикации укажуваат на дефект во термоцентралата Целукан Баванг, единица број 2, што предизвика прекин на електричната енергија во делови од Бали.“
