Земјотрес со јачина од 6,2 степени околу пладне ја погоди Турција, во близината на најголемиот град на оваа земја Истанбул.
Од снимките од социјалните мрежи се гледа како луѓе панично бегаат по земјотресот низ улиците на Истанбул.
После тој силен, се случија уште неколку потреси со јачина од 4,8 и 5,0 степени.
Министерот за внатрешни работи Али Јериклаја се огласи по серијата силни земјотреси кои го погодија регионот на Истанбул и објави дека сите тимови почнале да го скенираат теренот.
– Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала се случи во Силиври, Мраморното Море, Истанбул. Сите екипи на АФАД и нашите надлежни институции започнаа со скенирање на теренот во врска со земјотресот што беше почувствуван и во околните провинции. Ја испраќам мојата поддршка до нашите граѓани погодени од земјотресот. Господ да ја заштити нашата земја од катастрофи – рече министерот Јериклај.
