Последен ден амандманска расправа за правичната застапеност – Илире Даути со остра реакција за заминувањето на Беким Сали во Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Последен ден од амандманската расправа за предлог законот за соодветна и правична застапеност. Во дебатата, пратениците на опозициските партии на Албанците преку амандманите бараа корегирање на предлог – законот, но ниту денеска вицепремиерот Беким Сали не им прифати ниту еден. Во еден момент, на седницата на Комисијата беше дадена пауза по барање на вицепремиерот Сали кој, како што рече, требал да оди во Влада на средба со делегацијата од Литванија која е во посета на земјава. На ова остро реагираше Илире Даути од Албанската лига.

-Не е оправдување дека заменик премиерот имал значајна работа во Владата бидејќи тоа што го правиме тука, е позначајно од секоја средба која може да ја има заменик премиерот. Вие многу добро знаете дека ова е последен ден од разгледување на амандманите. Јас не прифаќам да се прекине работата тука и да се смета нешто друго позначајно. Треба да се најде едно решение, заменик премиерот фактички ја знаеше агендата и требаше денот да го резервира за тука. Имаме многу значајни амандмани кои инсистирам под секој услов дебатата тука да продолжи без прекин, изјави Илире Даути од Албанска лига.