Последен ден од велигденскиот полициски час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изминуваат последните помалку од 24 часа од 85 – часовниот полициски час во земјата воведен поради спречување на ширењето на коронавирусот. Министерството за здравство вчера соопшти дека од Ковид-19 починале уште две лица, новодијагностицирани се 37 со што вкупната бројка достигна 1207. Оздравени се уште 15 пациенти, шестмина биле на болничко лекување и девет кои се лекувале во домашни услови.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, соопшти МЗ.

Потврдените 37 нови случаи на Ковид-19 се од Скопје 8, Куманово 9, Прилеп 5, Тетово 3, Велес 3, Охрид 8 и Кочани 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1207 и тоа во Скопје 409, во Куманово 329, пациенти, Дебар 51, Штип 32, Прилеп 117, во Тетово 55, Струга 55, Велес 58, во Битола 17, Охрид 15, Кавадарци 4, Гостивар 12, Гевгелија 4, Струмица 2, во Крива Паланка 4, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 27, Пробиштип 2, Кичево 2, Неготино 2, Демир Хисар 1 и Македонски Брод 2.

Досега во земјата се направени вкупно  11.870 тестирања на Ковид -19.