Арената Јохан Кројф е главниот стадион во холандскиот главен град – Амстердам и стадионот на холандскиот клуб Ајакс. Изграден во 1996 во вредност од 140 милиони евра, стадионот порано беше познат како Амстердам Арена, но потоа беше преименуван во чест на легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф, кој почина во март 2016.
На овој стадион македонската репрезентација ќе го одигра третиот и последен натпревар за ЕУРО2020.
„Останаа уште три часа до пристигнувањето на црвено-жолтата репрезентација на Арената Јохан Кројф каде ќе се соочи со холандската репрезентација, важен натпревар за групата Ц во рамките на ЕП ЕУРО2020. Веќе е пропуштена шансата за да се квалификуваме во нокаут фазата. Фудбалерите изјавија дека ќе го дадат нивниот максимум за да излезат со крената глава од овој натпревар.“, јавува репортерот на ТВ21 од Амстердам.
Македонија не успеа да добие ниту еден бод од последните два меча со Австрија и Украина, селекции кои Холандија ги победи без никаков проблем.
Но „лалињата“ обезбедија пласман и на овој натпревар ќе бидат порелаксирани. Ангеловски е свесен дека го чека тежок натпревар, но вели дека имал доволно време да направи анализа.
Фудбалерите за последен пат се сликаа со него бидејќи за Горан Пандев ова ќе биде последен натпревар во црвено – жолтиот дрес. Капитенот, кој по овој натпревар ќе наполни 38 години на 27 јули, ќе се збогува со репрезентацијата на Македонија. Изјави дека е среќен што ќе го затвори последниот натпревар на овој начин.
По ЕП се очекува и Игор Ангеловски да ја напушти тренерската позиција, откако ќе му заврши договорот со ФФМ.
Инаку, навивачите од Македонија нема да бидат присутни на денешниот натпревар, бидејќи холандската држава не им дозволи влез поради анти-ковид мерки. На трибините ќе има мал дел од дијаспората.
